21 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИРезултатите на Apple подобри од очекувањата

Резултатите на Apple подобри од очекувањата

radost apple

„Apple“ го објави својот најнов финансиски извештај кој го опфаќа третиот квартал од оваа година (односно четвртиот квартал во финансиската година на „Apple“). Во извештајот стои дека компанијата забележала подобри резултати од тие што биле очекувани, па така приходот пораснал за 12 проценти во изминативе три месеци или на ниво од 42.1 милијарди долари. Од таа сума чист профит е 8.5 милијарди долари, што значи пораст од 13.3 отсто во однос на истиот период од 2013-та година.

Во споменатиот период компанијата продала 39.3 милиони смартфони „iPhone“, 12.3 милиони примероци на „iPad“, како и 5.5 милиони „Mac“ компјутери.

Извршниот директор на компанијата, Тим Кук, изјави дека изминатава година ќе биде рекордна за „Apple“, a особено е горд на досега најголемото лансирање на производи. Нормално, тука мисли на „iPhone 6“ и „iPhone 6 Рlus“ чиј почеток на продажбата ги победи досегашните рекорди.

Последниот финансиски резултат опфаќа само 10 дена од продажбата на новите верзии на „iPhone“, па нивниот целосен учинок се очекува во последните три месеци од годината, што е и традиционално најдобар финансиски период за оваа компанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП