21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо БиХ во август регистрирани 701.654 вработени

Во БиХ во август регистрирани 701.654 вработени

nezaposleni4474747474

Во БиХ бројот на вработени лица во август изнесувал 701,654, што е на исто ниво во однос на претходниот месец, соопшти Агенцијата за статистика на БиХ.

Од вкупниот број на вработени, 289,127 се жени и нивниот број во август се намалил за 0,3 проценти во однос на јули.

Најмногу вработени, 137,800/49,649 жени имало во преработувачката индустрија, во трговијата на големо и мало 126,844/61,671 жени, а во јавната управа 74.383/27.643 жени.

Најмалку вработени има во секторот за недвижнини – 2,151/781 жени, а потоа следат 9.365/5.990 жени вработени во секторот за  уметност, забава и рекреација, како и 10.603/2.447 жени вработени во административните и помошните услужни дејности.

Во БиХ бројот на невработени во август е зголемен за 0,7 проценти, а бројот на невработените жени за 0,9 проценти во однос на јули, се наведува во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП