7 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗВо Hyundai размислуваат за нов спортски модел

Во Hyundai размислуваат за нов спортски модел

PassoCorto111

Британските медиуми пренесуваат дека во „Hyundai“ имаат „апетит“ за нови спортски модели, како и дека нивната нова „N performance“ дивизија отвора нови можности за оваа јужнокорејска компанија.

Имајќи го тоа во предвид, во „Hyundai“ ја разгледуваат можноста да понудат нов спортски модел, но иако за тоа се дискутираше во врвот на компанијата, конечната одлука се уште не е донесена.

Во секој случај, новитот спортски автомобил на „Hyundai“ ќе мора да биде глобален модел, а според некои индиции, како инспирација би можел да послужи концептот „PassoCorto“ кој е претставен на годинешниот саем во Женева (на фотографиите).

Само за потсетување, „PassoCorto“ е студија на спортски двосед кој настана во соработка со „IED“ судиото од Торино и европскиот центар за дизајн на „Hyundаi“. Концептот е долг 410 cm, широк 188 cm, висок 116 cm, додека меѓуосовинското растојание изнесува 245 cm.

За погон е предвиден 1.6-литарски четирицилиндарски битурбо мотор со 270 „коња“, додека благодарејќи на употребата на јаглеродни влакна, тежината на возилото е околу 840 kg.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП