21 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСудот го одби барањето на Lufthansa да го блокира штрајкот

Судот го одби барањето на Lufthansa да го блокира штрајкот

lufthansa2

Судот во Германија го одби денес барањето на „Lufthansa“ да го принуди синдикатот на пилоти да го откажат штрајкот.

Судот во покраината Хесе, каде се наоѓа централниот аеродром на „Lufthansa“ во Франкфурт, ја одби тужбата која ја поднесе авиокомпанија и не најде основа штрајкот на пилотите да го прогласи за нелегален.

Синдикатот на пилотите објави 35 часовен штрајк во „Lufthansa“ на кратките линии од вчера попладне, а утринава го прошири и на летовите на долги дестинации, пренесува агенцијата АП.

Компанијата и синдикатот со месеци се во спор поради барањето на пилотите „Lufthansa“ да продолжи да им исплатува пари на пилотите кои сакаат да одат во предвремена пензија. Тие сакаат и понатака да добиваат до 60 проценти од платата пред почетокот на регуларните пензиски примања.

„Lufthansa“ која е соочена со конкуренцијата во вид на европски компании кои продаваат евтини билети и големите превозници од регионот на Персисикиот залив, сака да ги укине тие транзициони исплати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП