21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗа десетина дена повисоки плати во јавниот сектор

За десетина дена повисоки плати во јавниот сектор

denari

За десетина дена ќе почне исплатата на предвиденото зголемување на платите од четири поценти на вработените во јавниот сектор. Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески вели дека средствата за оваа намена се обезбедени во буџетот.

Буџетот е во добра кондиција. Приходите се се подобри како изминува годината.

Обезбедени се средства и при првата следна исплата на плата вработените во јавниот сектор, значи полицијата, војската, културните работници, здравствените, образовните, социјалните и сите други како и вработените во администрацијата ќе добијат покачување од четири проценти на платата, изјави вицепремиерот Ставрески одговорајќи на новинаско прашање по денешното потпишување договор за заем со Светска банка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП