25 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на чешката автомобилска индустрија за шест проценти

Раст на чешката автомобилска индустрија за шест проценти

ceska avto industrija

Чешката автомобилска индустрија годинава ќе произведе околу 1,2 милиони патнички автомобили, што е за шест проценти повеќе од лани, соопшти Мартин Јан, претседател на Здружението на автомобилската индустрија во земјата.

Како што јави дописникот на МИА од Прага, според резултатите, чешкиот пазар на автомобили расте побрзо од европскиот.

Од јануари до септември, производството на автомобили во Чешка, во споредба со минатата година е зголемено за 12,2 проценти на 936.151 возила.

Повеќе од 60 проценти бил уделот на фабриката „Шкода Ауто“, а потоа следат „Хјундаи“ со речиси 25 проценти и „Тојота, Пежо, Цитроен Автомобили“ (ТПЦА) со помалку од 15 проценти.

Производството од 1,2 милиони автомобили, ќе го надмине рекордот од 2011 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП