ЕКОНОМИЈА

Данокот на имот во Франција најскап во ЕУ

francijapariz55431f

Французите плаќаат највисок данок на имот во ЕУ, односно за 12,5 проценти повисок од просекот во ЕУ, а за 17 проценти повисок во однос на Германците.

За новоизграден стан во Франција кој чини 200.000 евра, за данок е потребно да се издвојат во просек 27 проценти од вредноста на станот, се наведува во студијата на Федерацијата на промотери на недвижни (FPI), пренесува весникот Еко.

Велика Британија е на второто место по висината на даноците за купувањето на недвижнини која изнесува 20 проценти од вредноста, додека во Германија данокот е значително понизок и изнесува само 10 проценти од вредноста на купените недвижнини.

Французите годишно за даноци на недвижнини плаќаат 60 милијарди евра, од кои 31 милијарда оди во државниот буџет а 29 милијарди во буџетот на локалните заедници.

Државата и локалните заедници од друга стана за стамбена помош на граѓаните издвојуваат 42 милијарди евра годишно.