28 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовиот Audi A4 ќе се појави на крајот на 2015-та

Новиот Audi A4 ќе се појави на крајот на 2015-та

audi a4 nov

Објавени се неколку компјутерски фотографии со кои се покажува како би можела да изгледа новата генерација на „Audi A4“ (B9) чија премиера се очекува на крајот на следната година.

Според претходните најави, новиот „A4“ седан (на „MLB Evo“ платформата) ќе биде со исти димензии како и актуелниот модел, но од него ќе биде полесен за околу 50 килограми.

Што се однесува до дизајнот, револуција нема да има, затоа што во „Audi“ се одлучија за еволуција. Во информациите се споменува дека новиот „A4“ опционо ќе биде достапен и со „full LED“ предни светла, додека задните светла ќе бидат малку пошироки од сегашниот модел.

audi a4 nov1

Исто така, новиот „А4“ ќе добие и „Head-up“ дисплеј, централна конзола по пример на редизајнираниот „А8“, дигитална инструмент табла (но со помалку опции отколку кај новиот „ТТ“), големиот екран чувствителен на допир за „MMI“  инфо-забавниот систем…

Во палетата на мотори меѓу останатите се споменува и 1.4-литарски „TSI“ бензинес со деактивација на цилиндрите (со што ќе се намали просечната потрошувачка на гориво за 0,5 l/100 km), a се споменува и „plug-in“ хибрид (комбинација од 2.0-литарски „TFSI“ мотор со 211KS и електромотор со 95KS) кој во електричен режим ќе може да помине до 50 km. Се разгледува можноста и за хибрид со дизел мотор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП