18 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДоговор со СБ за финансирање обнова на патишта

Договор со СБ за финансирање обнова на патишта

patisa obnova

Договор за финансирање Проект за рехабилитација на магистрални и регионални патишта, со кредит од 52 милиони евра од Светска банка ќе биде потпишан денеска во Скопје.

Во првиот дел од проектот треба да бидат обновени 112 километри магистрални и регионални делници. Следната година е предвидена обнова на патните правци Бошков мост – Дебар, Ресен – Буково и Битола – Макази. Заемот е со рок на исплата од 23 години и шест години грејс период.

Договорот ќе го потпишат вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, директорката на Канцеларијата на Светска банка во Македонија Татјана Проскурјакова и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Љупчо Георгиевски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП