28 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЕлектричниот Visio.M нa eCarTec саемот (фото)

Електричниот Visio.M нa eCarTec саемот (фото)

visio2

Конзорциумот „Visio.M“ (кој меѓу другите го сочинуваат „Daimler“, „BMW“, „TU München“, „Autoliv“, „Conti“, „BASt“, „Texas Instruments“, „TÜV Süd“, „Siemens“ и „Amtek“) на „eCarTec“ саемот во Минхен претставија интересен електричен двосед.

visio

Овој електричен автомобил е направен со идеа на пазарот да се понуди комфорно и безбедно електрично возило, а се вели дека во овој проект со 7.1 милиони евра била вклучена и федералната влада.

visio1

Концептот „Visio.M“ е долг 360 cm, широк 155 cm, висок 130 cm, додека пак меѓуосовинското растојание е 210 cm. Коефициентот на отпорот на воздухот изнесува 0.24, тркалата се од 16 инчи (гуми 115/70 R 16), додека тежината на возилото без батеријата е само 450 kg (користена е пластика засилена со јаглеродни влакна, алуминиум, поликарбонантни стакла…).

visio3

За погонот се грижи електромотор од 15 kW, што е доволно за максимални 120 km/h.

Автономијата со едно полнење на литиум-јонската батерија (13.5 kWh) изнеусва околу 160 km, a батеријата се полни за 3 до 4 часа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП