Постои важна врска помеѓу работата и животното задоволство…
Секоја работа содржи аспекти кои не не исполнуваат, на пример, лошиот ден во канцеларија или непријатното недоразбирање со колегите и шефот, но кога работата постојано ви создава грч во желудникот, време е да ја промените. Како и во сите аспекти од животот, потребно е да ги разгледате приоритетите – ако работата ве спречува да уживате во животот, тогаш нешто не е во ред…
А како понатаму?
Многумина ќе ве советуваат да размислите што ве инспирира и што најмногу сакате да работите, но таквиот совет може да биде и контрапродуктивен.
Не, воопшто не е неопходно новата работа да ве инспирира и не се чувствувајте лошо ако размислувате за позицијата која воопшто не ве инспирира, но е многу подобро платена или работното време е пократко (доста ви е од неплатените прекувремени часови на работа). Тоа се сосема легитимни причини да ја промените работата.