18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија може да издржи четири години под санкции

Русија може да издржи четири години под санкции

rusija1

Русија може најмалку четири години да ги издржи санкциите кои и ги воведе Западот поради ситуацијата со Украина, проценува германската разузнавачка служба BND.

Паричните резерви на Русија, според проценките на оваа служба, во овој момент изнесуваат 619 милијарди долари, што е 162 проценти од висината на државните расходи за наредната година, пренесува „Deutsche Welle“.

Како резултат на тоа, Русија би можела само од тие средства да живее 20 месеци.

Во „BND“ исто така веруваат дека, благодарение на големите парични резерви, како и релативно нискиот јавен долг од 13 проценти, Русија може во текот на четири години да ги издржи последиците на финансиската криза, наведува „Deutsche Welle“ .

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП