21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕкономскиот раст на Кина ќе забави во наредната деценија

Економскиот раст на Кина ќе забави во наредната деценија

kina12

Американската истражувачка компанија „Conference Board“ соопшти дека економијата на Кина ќе забави во наредната деценија.

Според прогнозите на американската групација, темпото на раст на најголемата светска економија во периодот од 2020 и 2025 ќе забави на четири проценти.

Поради забавувањето на кинеската економија, локалните официјални претставници неодамна претставија низа стимулативни мерки, додека владата во Пекинг за оваа година прогнозира раст од 7,5 проценти.

Како што потсетува АП, економскиот бум на Кина во изминатата деценија, со неверојатен економски раст од 14 проценти во 2007 година, беше предводен од силниот извоз и зголемувањето на потрошувачката на средства како што се фабриките и стамбените згради.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП