4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТ-мобиле и Гоу Грин овозможуваат систем за управување со отпадни батерии за...

Т-мобиле и Гоу Грин овозможуваат систем за управување со отпадни батерии за 350.000 граѓани

GoClean_LOGO

Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија станаа партнери на проектот Гоу Клин кој вклучува 7 општини и 78 училишта и е во имплементација на младинската еколошка организација Гоу Грин. Со проектот се информираат над 15.000 ученици од основните и средни училишта од општините Центар, Кисела Вода, Карпош, Ѓорче Петров, Прилеп, Штип и Кичево и се стимулираат да се однесуваат одговорно кон животната средина преку селектирање на отпадни батерии и нефункционални мобилни телефони. Канти за отпадни батерии се поставени во сите училишта и во тек е натпреварот за собирање на отпадни батерии. Т-мобиле го поддржува натпреварот со активностите:

  • Кантички за собирање отпадни батерии во училници во 78 училишта
  • Музички настан “Празнење батерии” во Клуб Хавана на 24 октомври, влезница – 5 батерии или 1 стар мобилен телефон – “Facebook” настан: https://www.facebook.com/events/771495752908955/
  • Награди за најуспешните училишта и млади активисти на Гоу Грин

 

Доколку ги фрламе батериите и старите мобилни телефони во контејнер, тие ќе завршат во локалната депонија и тешките токсични метали кои ги содржат, преку подземните води се депонираат во почвата, од каде ја добиваме и храната. Зголеменото ниво на токсични метали кај луѓето предизвикува главоболки, стомачни болки, епилептични напади, остеопороза, стерилитет, леукемија, иритација на кожата, рак и други болести.

T_Logo

Проектот овозможува систем за 350.000 граѓани соодветно да се ослободат од нивниот отпад. Т-мобиле активно учествува во развивање на свеста кај граѓаните за заштита на животната средина и доследно ги исполнува одговорностите од Законот за батерии и отпадни батерии и Законот за отпад од електронска и електрична опрема.

gogreen logo

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП