28 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗGolf караван со 300 „коња“

Golf караван со 300 „коња“

r golf caravan

Прототип на моделот „Volkswagen Golf R Variant“ е фотографиран за време на тестирањата на патеката Нирбургринг. Се очекува дека најмоќниот сериски „Golf“ караван ќе има премиера во декември, на авто-саемот во Есен, а во продажба би требало да се најде во 2015-та.

„Volkswagen Golf R Variant“ го превзема дизајнот на предниот дел од хечбекот „Golf R“ кој беше претставен во 2013-та година.

Автомобилот има намалена, спортска суспензија и подобрени аеродинамички карактеристики во однос на стандардниот караван, а на задниот дел се наоѓа препознатливиот дифузор и двата пара хромирани издувни цевки.

Oд хечбекот е превземен и четирицилиндарскиот 2.0-литарски тубро-бензинец кој произведува 300 ks (221 kW) и 380 Nm максимален вртежен момент.

Моќта се пренесува на сите 4 тркала со помош на „4MOTION“ системот и стандардниот шестбрзински мануелен менувач, додека како опција е достапен шестстепен „DSG“ менувач со двојно квачило.

Golf R“ во хечбек верзијата до „стотка“ стигнува за 4.9 секунди, кога е опремен со „DSG“ трансмисија, додека за забрзување од 0 дo 100 km/h во верзијата со мануелен менувач му е потребно 5.1 секунди.

Се очекува дека резултатите од караван моделот ќе бидат неколку десетинки полоши, со оглед дека автомобили ќе биде потежок. Исто така и цената би требало да биде нешто поголема од стандардниот „Golf R“ кој во Германија чини од 38.325 eвра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП