28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОсновци и средношколци ќе собираат отпадни батерии

Основци и средношколци ќе собираат отпадни батерии

baterii 33

Повеќе од 15.000 ученици од основните и средни училишта од општините Центар, Кисела Вода, Карпош, Ѓорче Петров, Прилеп, Штип и Кичево ќе се вклучат во проектот за селекција на отпадни батерии и стари мобилни телефони „Гоу клин“, на еколошка организација Гоу Грин во партнерство со Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија.

Проектот ќе се реализра во 78 училишта, со цел стимулација учениците да се однесуваат одговорно кон животната средина. Канти за отпадни батерии се поставени во сите училишта и во тек е натпреварот за собирање на отпадни батерии.

Т-Мобиле ќе поддржи натпревар со поставување кантички за собирање отпадни батерии во училиштата, музички настан „Празнење батерии“ во клуб Хавана на 24 октомври, каде влезницата ќе биде пет батерии или еден стар мобилен телефон, како и награди за најуспешните училишта и млади активисти на „Гоу Грин“.

„Доколку ги фрламе батериите и старите мобилни телефони во контејнер, тие ќе завршат во локалната депонија и тешките токсични метали кои ги содржат, преку подземните води се депонираат во почвата, од каде ја добиваме и храната. Зголеменото ниво на токсични метали кај луѓето предизвикува главоболки, стомачни болки, епилептични напади, остеопороза, стерилитет, леукемија, иритација на кожата, рак и други болести“, соопшти „Гоу Грин“.

Проектот, како што е наведено во соопштението, овозможува систем за 350.000 граѓани соодветно да се ослободат од нивниот отпад.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП