8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГолема казна за Rabobank

Голема казна за Rabobank

rabobank1

Холандската банкарска групација „Rabobank“ ќе биде казнета со повеќе од 440 милиони долари поради манипулирање со каматната стапка Либор, извести новинската агенција Блумберг.

„Rabobank“ е втората финансиска групација во Холандија гледано според вредноста на билансот, а цитирајќи извори блиски на истрагата, Блумберг соопштува дека оваа банка може да постигне договор со американските и британските регулатори околу обвинението за манипулирањето со Либор.

Лондонската меѓубанкарска каматна стапка Либор и европската каматна стапка Еурибор се клучни индикатори за цената на задолжување на банките.

„Rabobank“ најверојатно ќе плати помеѓу 290 милиони фунти (438 милиони долари) и 612 милиони долари. Казната може да биде наплатена во мај.

Холандската банка во корпоративна сопственост одби да ја коментира оваа информација. Таа во август објави дека примила неколку судски покани и барања за информации од процесот со утврување на референтната каматна стапка во различни земји, вклучувајќи ги и Велика Британија, САД, Швајцарија, Јапонија и Сингапур.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП