Индустриското производство и нарачките во таа област во Италија во август пораснале во однос на претходниот месец, соопшти италијанскиот Завод за статистика Истат.
Во соопштението се наведува дека индустриското производство во август пораснало за 0,4 проценти на месечно ниво, додека нарачките истовремено се зголемени за 1,5 проценти по три последователни месеци во пад, пренесува агенцијата Анса.
На годишно ниво, сепак, резултатите се негативни, бидејќи производството во однос на август 2013 година е намаленo за 2,3 проценти, а вкупните нарачки за 3,2 проценти, додава Истат.