27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗБеспилотниот RS 7 успешно го заврши тестот (фото+видео)

Беспилотниот RS 7 успешно го заврши тестот (фото+видео)

rs 7

Суштината на концептот на автомобилските спортски натпреварувања го сочинуваат тркачките перформанси на возилото и вештината на возачот. Дали трките со автомобили воопшто би имале смисла доколку го нема човекот кој управува со возилото?

Многу производители на автомобили прават технологии за самоуправувачки возила кои во иднина ќе се користат во секојдневниот сообраќај. Меѓу нив е и „Audi“ кој планира да подготви систем со ограничено автономно возење во 2016-та година, веќе во следната генерација на моделот „А8“.

rs 71

Со цел да и претстави на јавноста колку напредувале во развојот на овие системи, „Audi“ се одлучи за демонстрација која се разликува од вообичаените тест возења на самоуправувачките возила.

Германскиот производител го опреми „Audi RS7“ со авто-пилот и го возеше на патеката во Хокенхајм каде овој автомобил ги покажа своите можности без возач, при брзини кои се постигнуваат на трките.

rs 72

Демонстрацијата се одржа во неделата, пред завршната трка во германскиот „DTM“ шампионат, а овој автомобил се движеше и со брзина до 240 km/h.

Погледнете ги деталите од возењето на „Audi RS7“ на патеката Хокенхајм:

„Audi“ на овој начин покажа дека технологијата на автономно возење немора да биде ограничена на помали, патни брзини, туку да е ефикасна и при максимална брзина која спортските автомобили ја развиваат на тркачката патека.

Иако „RS7“ возеше на патека на која покрај него немаше други автомобили, следната фаза во развојот на авто-пилотот би можела да вклучи и други роботизирани возило кои истовремено би се движеле патеката и ќе се натпреваруваат меѓу себе.

rs 74

Така тест возењето на „Audi RS7“ отвори и едно хипотетичко прашање – дали во иднина ќе бидеме сведоци на автомобилски трки без возачи и колку таквите натпреварувања воопшто ќе имаат смисла?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП