18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на приходите од даноците во Германија

Раст на приходите од даноците во Германија

germany-EU-flags

Приходите од даноците во Германија и понатака растат во време на забавување на економскиот раст и притисокот од странство врз Берлин да ја зголеми јавната потрошувачка.

Септемврискиот извештај на германското Министерство за финансии покажа дека владините даночни приходи тој месец пораснале за 4,7 проценти на годишно ниво на 57,3 милијарди евра, додека во девет месеци заклучно со септември приходите од даноците пораснале за три проценти на 428,9 милијарди евра, пренесува агенцијата АП.

Податоците се соопштени во пресрет на денешниот состанок меѓу германскиот и францускиот министер за економија и финансии во Берлин. Париз, под притисок да го намали својот буџетски дефицит, апелира Берлин да ги зголеми инвестициите.

Германските законодавци, сепак, сакаат да го исполнат ветувањето дека наредната година ќе го намалат задолжувањето прв пат од 1969 година. Берлин наведува дека е свесен дека новите инвестиции се потребни, но не сака да ги финансира преку задолжување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП