17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрв саем за проектот „Купи куќа, купи стан“

Прв саем за проектот „Купи куќа, купи стан“

kupi kuka kupi stan12221

Прв саем посветен на проектот „Купи куќа, купи стан“ ќе се одржи од 24-ти до 28-ми овој месец во Скопје сити мол. Граѓаните на едно место ќе можат да ги добијат сите потребни информации и да ги остварат сите контакти за проектот кој, како што наведуваат од Министерството за финансии, дава и до 14.000 евра неповратни средства за купување нов дом.

Министерството за финансии, банките и градежните компании ќе ги запознаат граѓаните со условите на „Купи куќа, купи стан“ и понудата на станови и куќи на пазарот на недвижности.

Граѓаните ќе можат да се консултираат со луѓето од Министерството за финансии лично и да се посоветуваат кој модел од проектот најмногу им одговора и кои чекори треба да ги преземат за да аплицираат. Посебни повластици и попусти корисниците на проектот ќе добијат од компании за мебел, бела техника и осигурување, кои сакаа да дадат поддршка на иницијативата.

„Купи куќа, купи стан“ е добра шанса, а овој настан е одличен начин да се искористи шансата, наведуваат од Министерството за финансии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП