11 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРА5 грешки кои богатите не ги прават

5 грешки кои богатите не ги прават

hide_money_070920_mn

Основната разлика меѓу богатите луѓе и „остатокот од светот“ е во начинот на работење со парите.

Авторот на книгата „Потенцијален милионер“, Џејми Тарди, разговарал со повеќе од 150 богати лица кои со тек на време научиле како да управуваат со парите, додека од друга страна повеќе луѓе постојано ги повторуваат грешките од оваа листа и се се подалеку од богатството.

Ова се тие грешки…

Не се соочувате со фактите

Ако не сте добро запознаени со вашата финансиска состојба и лошо раководите со парите, тие како песок ќе ви поминуваат низ дланките. Во случај да сакате да имате повеќе пари, важно е да пресметате колку пари заработувате и колку трошите, и врз основа на тоа да донесете одлука на кој начин можете да заработите повеќе. Најлошото што можете да го направите е да ги игнорирате фактите бидејќи така можете само да натрупате долгови.

Премногу трошите

Иако мислите дека богатите се расфрлаат со пари, многу често стојат „цврсто на земја“ и повеќе од тоа што можете да замислите. Нивните инвестиции се прилагодени на финансиската ситуација, а богати се затоа што ги чуваат своите пари наместо да ги трошат.

Не ги прилагодувате финансиите на животните прилики

Успешните луѓе сфаќаат дека секоја успешна промена во животот со себе носи и одредени финансиски промени, па затоа тие прават план со цел да ја задржат, но и унапредат финансиската стабилност.

Фокусирани сте на штедењето, а не на заработката

Наместо да штедите на ситни нешта кои ви го разубавуваат секојдневието. Фокусирајте се на дополнителни извори на приход. Богатите луѓе сфаќаат дека постои лимит колку може да се заштеди, но не постои граница колку може да се заработи.

Го жртвувате квалитетот поради евтиното

Знаете како се вели: „Колку пари, толку музика“. Често тоа е вистина, а богатите луѓе сфаќаат дека скапата опција е долгорочен и подобар избор. Ако на пример купите чевли за 1000 денари, поради лошиот квалитет, тие ќе ви ја „откажат соработката“ многу брзо, а ако вложите некој денар повеќе ќе ве служат повеќе години. Така е и со другите, многу поголеми нешта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП