12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДоговорена цената на рускиот гас за Украина

Договорена цената на рускиот гас за Украина

Petro Poroshenko

Украина и Русија постигнаа договор за цената на рускиот гас кој Москва оваа зима ќе го испраќа во Киев, изјави украинскиот претседател Петро Порошенко.

Порошенко изјави дека на Укрина ќе и биде потребна меѓународна помош да ги плати залихите гас неопхoдни за греење.

„Постигнавме договор до 31. март 2015 година цената на рускиот гас би требало да биде 385 долари за илјада кубни метри гас“, изјави Порошенко во интервјуто за украинската телевизија.

Порошенко во петокот се сретна со рускиот колега Владимир Путин во Милано, каде беше одржан европско-азискиот самит.

Мисијата на ММФ ќе го посети Киев на средината на ноември кога со украинските власти ќе разговара за програмата кредити за таа земја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП