28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВисок пораз за ЖРК Вардар на гостувањето кај Будуќност

Висок пораз за ЖРК Вардар на гостувањето кај Будуќност

kop

Ракометарките на Вардар со убедлив пораз ја започнаа новата сезона во Лигата на шампионите.

Тимот предводен од Индира Кастратовиќ вечерва во 1.коло од Б групата загуби во Подгорица од Будуќност со 23:17.

Црногорскиот шампион беше подобар противник и во текот на сите 60 минути и заслужено стигна до првиот триумф.

Најдобар играч на натпреварот беше Билјана Павичевиќ со 7 погодоци.

Кај вардарки се истакнаа Андреа Перезиќ со 5 и Андреа Лекиќ со 4 реализации.

На другиот Претходно во другиот дуел од стартното коло во оваа група Турингер ја совлада Подравка со 33:20.

Следниот противник на ЖРК Вардар е германскиот Турингер кој в сабота во рамките на 2.коло гостува во Скопје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП