28 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMногумина го сакаат моделот Mokka

Mногумина го сакаат моделот Mokka

mokka 33

Во две години од појавувањето на пазарот, овој под-компактен „SUV“ е нарачан 300.000 пати.

Според информациите кои пристигнуваат од „Opel“, последните 100.000 нарачки се забележани во последните седум месеци. Во август 2014-та година, најпродаваниот модел на „Opel“ успеа да ги надмине сите останати автомобили во својот сегмент во Европа. „Mokka“ е третиот најпродаван модел на листата на „Opel“, позициониран за моделите „Corsa“ и „Astra“, но и пред моделите „Insignia“ и „Zafira“.

Според истиот извор, моментално сегментот под-компактни „SUV“ возила остварува најбрз раст во автомобилската индустрија. Во споредба со минатата година, бројот на регистрирани возила од овој тип во Европа речиси двојно се зголеми.

„Mokka“ стана најпродаваниот модел без оглед на државните граници. Двојниот добитник на наградата „Најдобриот автомобил на годината со погон на сите четири тркала“ води во својот сегмент во Германија со скоро 24 проценти, во Австрија со околу 22 и дури 27 проценти во Финска. Ширум Европа, „Mokka“ оствари удел во својот сегмент од 15 проценти во јануари до август 2014-та година и го зазема третото место.

„Mokka“ на почетокот на 2015-та година ќе биде достапна и со 1.6-литарски „CDTI“ турбо дизел мотор со 100 kW/136 ks. Овој четирицилиндарски мотор ќе го замени актуелниот 1.7-литарски дизел мотор. Овој мотор испорачува поголема моќ и вртежен момент со 6 ks, oдносно 20 Nm – со помала зафатнина, со значително помала потрошувача. Со стандардно вградениот „Start/Stop“ систем, „Mokka 1.6 CDTI“ троши во просек 4,1 l/100 km со емисија на „CO2“ oд 109 g/km. Toа претставува скоро 0,5 l/100 km помалку гориво и 11 g/km помалку „CO2“ отколку кај претходната 1.7-литарска верзија. Новиот дизел мотор исто така е според „Euro 6“ стандардот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП