23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПросечната нето плата во БиХ изнесува 422 евра

Просечната нето плата во БиХ изнесува 422 евра

bosnahercegovinabih5112123

Просечната месечна нето плата по вработен во Босна и Херцеговина за август 2014 година изнесувала 826 конвертибилни марки (КМ), односно 422 евра.

Номинално и реално е пониска за 1,7 проценти во однос на претходниот месец, соопшти Федералниот завод за статистика.

Во однос на август 2013 година, просечната нето плата по вработен номинално е пониска за 1,1 проценти, а реално за 0,5 проценти, пренесува „Независни вести“.

Вкупниот број на вработени во БиХ во август 2014 година изнесувал 444.597, што претставува зголемување од 0,02 проценти во однос на претходниот месец, и пораст од 2,2 проценти во споредба со годишниот просек во 2013 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП