28 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНикогаш подобра продажба на Mercedes S-Сlasѕ

Никогаш подобра продажба на Mercedes S-Сlasѕ

s klasas pros

„Mercedes“ соопшти дека испорачале 100.000 примероци од новата „S-Сlasѕ“, oд кога пред една година започна продажбата на овој модел. Тоа е за прв пат во историјата на „S-Сlasѕ“ да бидат продадени толку голем број на автомобили во текот првата година на пазарот.

Една од причините за така добриот продажен резултат е одлуката на „Mercedes“ новата „S-Сlasѕ“ во краток рок од премиерата да се најде на трите најважни пазари, во Германија, Кина и САД.

Само за првите девет месеци од 2014-та на купувачите им беа испорачани 75.391 примероци од овој модел, а тоа е за 105,8% повеќе од истиот период во 2013-та година, кога се уште се продаваше претходната генерација од овој модел.

Oд јануари, заклучно со септември, продадени се повеќе примероци на „S-Сlasѕ“ отколку во целите 2012-та и 2013-та година, а само во септември беа пласирани 9.501 автомобили.

Се очекува дека најновата генерација на „Mercedes S-Сlasѕ“ ќе биде најпродавана во историјата на овој модел. Предвидено е на купувачите да им бидат понудени вкупно 6 верзии, од кои веќе се достапни стандарниот модел, потоа верзијата со нешто подолго меѓуосовинско растојание и купе.

На нив ќе им се придружат кабриолетот, суперлуксузната везија со уште подолго растојание меѓу осовините, која ќе го замени „Maybach“, како и „Pullman“ верзијата која ќе биде со три реда седишта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП