9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПочнува изградбата на ТИРЗ Виница и Берово

Почнува изградбата на ТИРЗ Виница и Берово

berovo vinica

Со поставување камен темелник денеска ќе почне изградбата на технолошко индустриските развојни зони кај Виница и Берово.

ТИРЗ Виница е лоцирана во месноста Поповец на оддалеченост од 5 километри од градот, а ќе се протега на површина од 20 километри. ТИРЗ Берово, пак, ќе се гради кај патот Берово – Дабиле, на површина од 17 хектари.

Целта на основањето на зоните е создавање можности за привлекување инвестиции, отворање работни места и обезбедување рамномерен локален економски развој.

Владата донесе одлука за основање на ТИРЗ Виница и ТИРЗ Берово во јули годинава.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП