11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа прагот на сиромаштијата 15 % од Белгијците

На прагот на сиромаштијата 15 % од Белгијците

belgija

На прагот на сиромаштијата во Белгија е 15 проценти од населението, покажуваат податоците на анкетата спроведена во 2013 година на 6,159 домаќинства.

Минатата година 15,1 проценти од белгиските семејства биле во опасност да бидат загрозени поради сиромаштијата, што е на исто ниво од 2012 година, соопшти бирото за статистика „SPF Economy“.

Границата на сиромаштијата во Белгија за поединци е 1,074 евра месечен приход и 2.256 евра за четиричлено семејство со две деца помлади од 14 години, пренесуваат белгиските медиуми.

Најзагрозени категории се самците, самохраните родители како и невработените. Во извештајот се наведува дека пет проценти од белгиското население е сериозно материјално загрозено и дека 14 проценти од лицата постари од 60 години живеат во семејства со голема стапка на невработеност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП