„Ford“ го претстави својот нов мал „SUV“, „EcoSport“ кој ќе биде прв на пазарот во Европа кој ќе користи „FordSYNC AppLink“, систем кој им помага на возачите гласовно да ги контролираат апликациите на паметните телефони.
До пред една година во сегментот на мали „SUV“ возила се наоѓаше само „Nissan Juke“. Во меѓувреме во битката за купувачи се приклучија и „Opel Mokka“, потоа „Renault Captur“, „Peugeot 2008“ и „Chevrolet Trax“, а сега им се придружи и „Ford EcoSport“.
Новиот „SUV“ на „Ford“ ќе го карактеризира истакната предна маска, кратка хауба и закосени предни столбови, а спортскиот изглед на возилото го дополнуваат тенките аголни фарови.
Кога ќе започне продажбата во 2013-та година „EcoSport“ ќе биде вториот „SUV“ во рамките на „Ford“, во експанзијата на европската производна гама, откако неодамна беше воведена нова верзија на моделот „Ford Kuga“.
Покрај тоа,„ Ford“ планира во Европа да понуди и паредна генерација на моделот„ Edge“,поголем „SUV“ кој е популарен во САД но и на другите пазари.
Компактниот „EcoSport“ е замислен како возило кое го карактеризираат агилност и ефикасност во потрошувачката на гориво, мал семеен автомобил, во комбинација со флексибилност, просторност и висока положба во возењето на еден „SUV“.
„Ford EcoSport“ исто така ќе понуди сеопфатен пакет на технологија за помош на возачот, вклучувајќи ги и електронскиот програм за контрола на стабилност (ESP), како и помошта при тргнување на нагорница (Hill Launch Assist).
Во понудата ќе бидат вклучени 1.0 литарски „EcoBoost“ бенизинец со 92 kW (125 KS), потоа 1.5 литарски бензински мотор со 81 kW (110 KS), како и 1.5 литарски дизел мотор кој развива 66 kW (90 KS).
Пошироката публика во Европа „EcoSport“ ќе може да го види на претстојниот авто-саем во Женева, од „Ford“ не соопштија кога овој модел ќе се најде во салоните и по која цена.