11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСоветување „Енергетика 2014 година“ во Струга

Советување „Енергетика 2014 година“ во Струга

struga_1j76uj6u76

Во организација на Здружението на енергетичари на Македонија во Струга се одржува меѓународно советување „Енергетика 2014 година“ кое го отвори претседателот на УО на ЕВН Македонија Вернер Хенгст.

Манифестација претставува место каде се дискутираат најактуелните случувања во областа на енергетиката и претставува платформа за размена на искуства и знаење помеѓу експертската фела и бизнис заедницата во енергетскиот сектор.

ЕВН Македонија со експерти од повеќе области учествуваше во стручните дискусии на советувањето и го пренесе своето искуство во доменот на иновациите, енергетската ефикасност, развојот на пазарот, информатичките системи, надградбата на дистрибутивната мрежа, итн.

Сите дискусии се базирани и на стручни и информативни трудови кои Здружението ги издаде во вид на зборник.

Вернер Хенгст обраќајќи се пред присутните го истакна значењето на размената на знаење и искуство во енергетскиот сектор. Посочи дека енергетскиот систем е комплексна структура од низа стеикхолдери кои имаат еднаква одговорност за инвестирање во долгорочната одржливост на системот.

Од компанијата наведуваат дека ЕВН Македонија со поддржување на вакви манифестации ја докажува својата одговорност кон развојот на електро-техниката во Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП