6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИLenovo ќе основа посебна компанија за мобилните уреди

Lenovo ќе основа посебна компанија за мобилните уреди

lenovo glass

Со цел што подобро да се бори со конкуренцијата на својот матичен пазар, во „Lenovо“ се одлучија на изненадувачки бизнис потег. Имено, тие во Кина ќе основаат сосема нова компанија за дистрибуција на нивните смартфони и таблети.

Новата компанија ќе има и друго име, а ќе биде фокусирана исклучиво за продажба на мобилните уреди, кои досега на себе го носеа логото на брендот „Lenovo“.

Според проценките, новата компанија би требало да биде ориентирана исклучиво на потрошувачите, маркетингот и интернет продажбата на уредите, а нема да се занимава со продажбата за компанијата, како ниту со различни комбиниции со телеоператорите во таа земја.

Оваа подружница на „Lenovо“ со работа ќе започне на 1-ви април следната година, а ќе ја предводи Чен Худонг, сегашниот директор задолжен за пазарот на далечниот исток. Во следните месеци од компанијата ќе објават уште детали за бизнис стратегијата и плановите на новата компанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП