26 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРизичните кредити ја загрижуваат Шпанија

Ризичните кредити ја загрижуваат Шпанија

shpanijaspanija544454

Обемот на ризични кредити во шпанските банки порасна во август на 13,25 проценти, што е загрижувачки знак.

И тоа во момент кога се очекува извештајот за стрес тестовите во банките кои ги спроведе Европската централна банка (ЕЦБ), соопшти Банката на Шпанија.

Обемот на ненаплатливи кредити е всушност малку намален во август на 184,3 милијарди евра, но процентуално е зголемен бидејќи шпанските банки го намалиле вкупниот обем нa кредитирање, пренeсува Франс прес.

Нивото на лоши кредити сепак сеуште е под рекордниот максимум од 13,6 проценти, забележан во декември минатата година. Пазарите оваа недела стравуваат дека еврозоната ќе ја погоди комбинација од нова рецесија и дефлација, па каматните стапки на обврзниците во периферните земји од еврозоната, вклучувајќи ја и Шпанија, остро пораснаа.

На пазарите влијаеше и одлуката на ЕЦБ да им помогне на грчките банки со дополнителни кредитни линии, како и пораката на Европската комисија дека на сите расположливи начини ќе и помогне на Атина да се избори со проблемите во пресрет на излезот од европската програма за помош.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП