7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Македонија зголемена свеста за општествена одговорност

Во Македонија зголемена свеста за општествена одговорност

132333316

Во Македонија зголемена е свесноста за општествена одговорност, но нивото на имплементација се уште треба да се препознае затоа што има компании кои не препознаваат дека спроведуваат општествено одговорни практики.

Ова беше истакнато на денешната панел дискусија посветена на практиките и придобивките за општествена одговорност што ја организираше Бизнис конфедерацијата на Македонија.

„Сеуште треба да работиме на ова поле бидејќи има мали компании кои треба да бидат информирани и да го истакнат она што го прават како добра практика. На некој начин треба да ги потикнуваме компаниите поквалитетно да го водат својот бизнис“, истакна Миле Бошков, претседател на Бизнис конфедерацијата.

Според него, воведувањето на практики за општествена одговорност е финансиски трошок за компаниите, но нивното спроведување е инвестиција за долга одржливост.

Нина Кепеска од „Адора инженеринг“ смета дека придобивките од општествено одговорните практики се многукратни како за општеството, така и за компаниите.

Таа вели дека ако една компанија е општествено одговорна, тогаш нејзиното реноме расне со што станува поконкурентна како на домашниот, така и на странските пазари.

Во Македонија општествената одговорност како практика почнува пред 10-тина години, а во 2007 година е формирано и Национално тело за општествена одговорност кое секоја година доделува награди за општествено одговорни компании во повеќе категории.  

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП