28 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКакви автомобили се купуваат во Европа?

Какви автомобили се купуваат во Европа?

prodazba koli eu

Пазарот на автомобили во Европа во септември повторно беше во пораст, продадени се 6.1 отсто повеќе нови возила, а најголем скок е забележан во Шпанија.

Како што соопшти Асоцијацијата на европските производители на автомобили (ACEA), на европско ниво во септември се продадени 1.23 милиони возила, во споредба со 1.15 милиони во истиот месец од минатата година, пренесува „Reuters“.

Меѓутоа, продажбата значително е пониска од времето пред кризата (2005-2006) кога месечно изнесувала околу 1.4 милиони примероци.

Во Шпанија, каде продажбата е преполовена поради економската криза, во овој септември остварен е раст од 26.2 отсто, додека на францускиот пазар изнесуваше 6.3 проценти, во Велика Британија 5.6 отсто, Германија 5.2 проценти и Италија 3.3 отсто.

И останатите земји во Јужна Европа имаа висока стапка во растот на продажбата во септември – Грција 32.6 проценти, Португалија 31.7 отсто, Кипар 28.9 проценти, но и обемот на продажбата и натаму е на ниско ниво.

Сепак, пазарот на автомобили кој се уште е во фаза на закрепнување, но со 13-месечен раст по ред, француските производители бележат значителен раст, „Рено“ од 10.7 oтсто, „ПСА Пежо-Цитроен“ од 9.8 проценти во однос на септември 2013-та.

Сепак, најмногу продадени возила во ЕУ имаше „Фолксваген“ со 290.500 единици во септември, со раст од 7.9 отсто за девет месеци.

„Форд“ е на четвртата позиција според бројот на продадени возила од почетокот на годината до крајот на септември, со стапка на раст од 7.3 отсто, додека „Џенерал Моторс“ за истиот период имаше пад од 3.3 проценти.

Италијански „Фиат“ за девет месеци забележа раст од 2.7 отсто, а од германските производители „БМВ“ има раст од 2.3 проценти и „Дајмлер“ од 2.1 отсто.

Во соопштението се истакнува дека одличен резултат остварил и јапонски „Нисан“, кој во септември го зголемил бројот на продажба на 16.9 отсто, иако „Тојота“ на пазарот во ЕУ остана „број еден“ од јапонските производители со продажба од 400.000 возила во деветте месеци од оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП