2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИVirgin го презема Tiger за еден долар

Virgin го презема Tiger за еден долар

tigerbybu768uk8

Австралиската авиокомпанија „Virgin Australia“ денес презема целосна контрола над нискобуџетната авиокомпанија „Tiger Airways Australia“.

„Virgin Australia“ ги купи преостанати 40 проценти од акциите во таа компанија за еден австралиски долар од сингапурскиот авиопревозник „Tiger Airways “.

На средината на 2013 година, „ Virgin Australia“ го купи 60 процентниот удел во „Tiger Airways Australia“ за 35 милиони австралиски долари, по што „Tiger Airways“ изрази подготвеност да го продаде и преостантиот удел во авиокомпанијата која со години се обидува да се врати на патот на профитот, пренесува агенцијата Франс прес.

Најновата аквизиција, според директорот на „Virgin“ Џон Боргетија, ќе и овозможи на австралиската авиокомпанија да лета на голем број меѓународни дестинации.

Како што потсетува Франс прес, „Tiger Airways Australia“, компанија-ќерка на сингапурскиот „Tiger Airways“, има долга историја на лоши финансиски резултати и слабо работење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП