4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Блиц“: Србија бара финансиска поддршка од САД

„Блиц“: Србија бара финансиска поддршка од САД

srbija amerika

САД би требало финансиски да ги поддржи големите инфраструктурни проекти во регионот, му порачале српските функционери на американскиот сенатор Кристофер Марфи, за време на неговата посета на Белград, пишува весникот „Блиц“.

Марфи, кој е претседавач на сенатскиот Поткомиет за европски прашања, изминатите денови во рамки на турнејата низ земјите од Западен Балкан престојуваше и во Белград, а меѓу најинтересните детали од неговата посета се инцијативата на српската страна САД да покренат „нов Маршалов план“ на ниво на регионот, по пример на деталната програма за финансиска помош на САД, посветен на обновата на Европа по Втората светска војна, пишува „Блиц“.

Весникот наведува дека и одговорот на американската страна на предлогот на српските претставници бил: „Дајте ни прецизни конкретни проекти, па ќе разговараме што може да се направи“.

Основната идеја е САД, но и Германија и Кина да го поддржат инфраструктурното поврзување на Србија со регионот, со проекти како што се брзата железница од Будимпешта преку Белград и Скопје до Солун, модерната железница кон Сараево, како и повеќе автопати.

„Блиц“ наведува дека српските власти заклучиле дека тешко може да се очекува инјектирање на голема сума пари во Србија за развој на инфрастуктурата, поради што е неопходно да се работи на заеднички проекти со соседните земји.

Весникот посочува на еден детал од посетата на американскиот сенатор, неговиот позитивен став за посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Србија.

„Нема причина САД да се противат на доаѓањето на Путин, ниту на добрите односи меѓу Србија и Русија, се додека Белград е на патот за членство во ЕУ“, рече американскиот сенатор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП