19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Го должиме целиот БДП, но напредуваме“

„Го должиме целиот БДП, но напредуваме“

kipar6

Кипар ќе успее да го задржи јавниот долг под прогнозите на меѓународните кредитори, изјави кипарскиот министер за финансии, Харис Јоргијадес.

Според неговите зборови, јавниот долг на Кипар оваа година ќе достигне 105 проценти од бруто домашниот производ (БДП), додека наредната година ќе се намали за скромни два проценти, пренесува агенцијата АП.

Тоа е значително подобро во однос на прогнозите на Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд кои предвидуваа дека јавниот долг на Кипар во 2015 година ќе достигне 126 проценти од БДП.

Јоргијадес, исто така, изјави дека економијата на Кипар оваа година ќе забави за помалку од три проценти од БДП, што е за еден процентен поен пониско во однос на предвидувањата на кредиторите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП