27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVolvo: Побарувачката за новиот XC90 ги надмина очекувањата

Volvo: Побарувачката за новиот XC90 ги надмина очекувањата

xc90 283

Компанијата соопшти дека планира да воведе и трета смена во фабриката во Гетеборг и да вработи уште 1.300 работници, со цел да ја задоволи зголемената побарувачка на купувачите за автомобилите на шведската марка.

Оваа најава пристигна по одличниот старт на продажбата на втората генерација на „SUV“ моделот „XC90“, кој како што изгледа, го поттикна зголемувањето на интересот за останатите модели.

По претставувањето на моделот „XC90“, „Volvo“ за само два дена однапред ја распродаде првата, ограничена серија од 1927 автомобили, која ја симболизира годината на основање на компанијата.

Побарувачката за „XC90“ продолжува, па така „Volvo“ добива голем број на нарачки и за „редовната“ верзија на овој модел. Во компанијата проценија дека поради зголемениот интерес за нивните модели им се потребни уште 1.300 работници, покрај постоечките 4.600 колку што моментално имаат вработено во Гетеборг.

Досегашното комбинирано годишно производство на моделите „Volvo S60“, „S80“, „V70“ и „XC70“, во овој погон изнесува 300.000 автомобили.

Во првите девет месеци од 2014-та, „Volvo“ ширум светот испорача 339.200 aвтомобили, што е повеќе за 9 проценти во однос на истиот период од 2013-та. Во „Volvo“ предвидуваат дека до крајот на годината ќе продадат околу 470.000 возила, што претставува раст од 10 отсто во споредба со 2013-та година, но и рекордна продажба во историјата на компанијата.

„Volvo“ не планира да запре, веќе сака да продолжи со истиот раст од година во година, па до 2020-та, годишно да испорачува 800.000 автомобили.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП