18 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАВашето хоби може да ви помогне при вработувањето

Вашето хоби може да ви помогне при вработувањето

hobi-1

Оценките од факултетот и претходните работни искуства во CV-то често се опишуваат со една реченица. Како работодавецот да дознае нешто повеќе за карактерот на ова лице заинтересирно за работа? Вашето хоби може да биде пресудната компонента која недостасува за да се создаде целосна слика за вас. Но, важно е да напоменеме дека станува збор за субјективна категорија. Онаа особина која е високо барана за една професија, за друга може да биде многу ниско рангирана.

Различното хоби укажува на различните личности и може да биде многу добра алатка во препознавањето на вистинската личност за одредена работа, Доколку барате работа во секторот каде човечките односи се од голема важност, можно е да имате преднос во однос на некои кои чии афинитети укажуваат на склоност кон помали социјални активности.

Тимскиот спорт би можел да укаже дека можете да се прилагодите во голема група на луѓе со различни мислења и различни животни филозофии, кои всушност најчесто се наоѓаат во една компанија. Во работата каде договорите се завршуваат на ручеци или состаноци надвор од работното време и простор, социјалните вештини кои можеби никаде не се јасно посочени во вашето CV, освен можеби во вашето хоби, се еднакво важни, ако не и поважни од завршеното училиште или претходното искуство.

Кога зборувате или пишувате за вашето хоби важно е да се види дека сакате да делувате. Ако, на пр. сакате мачки или кучиња, волонтирајте во центарот за незгрижени животни или вклучете се во некоја организација за заштита на животните. Така ќе оставите впечаток на лице кое не се плаши да работи и не е пасивно.

Доколу пак сте имале успех во вашето хоби, истакнете го тоа. Покажете дека сте добри во она со што сакате да се занимавате.

Исто така, некое хоби може да ги истакне вашите квалитети како лидер. Но важно е да останете искрени и да не ги преувеличувате нештата и да не го претставите вашето хоби како најважна работа во светот. Со таквиот пристап многу лесно може да дојде до контраефект.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП