26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКавани не е на продажба!

Кавани не е на продажба!

ksbsni

Иако веќе долго време се говори за заминувањето на Уругваецот, но сопственикот на ПСЖ уште еднаш ја отфрли таа можност.

Веќе со месеци се говори дека Кавани не е задоволен во редовите на „светците“, а причината за тоа е споредната улога која ја има.

Тој се наоѓа во сенка на Ибрахимовиќ и најверојатно сака да си замине во некој клуб во кој би бил главен напаѓач.

Се споменуваат разни англиски клубови, најмногу Арсенал, но од тоа, ова лето не се случи ништо.

Медиумите и натаму продолжуваат со своите шпекулации, но очигледно дека на Насер ал Келаифи му е преку глава од тоа, па ги демантираше сите информации поврзани за Кавани.

„Едисон е одличен играч. Тој е среќен тука и тие приказни немаат никаква врска со вистината. Тој нам многу ни помага и се прилагодува на екипата без никаква причина да си замине“, смета претседателот на „светците“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП