
Компанијата „Mitsubishi Heavy Industries“ го финализира првиот јапонски патнички авион по четири децении.


Компанијата „Mitsubishi Heavy Industries“ го финализира првиот јапонски патнички авион по четири децении.
На церемонија во Нагоја, утре ќе биде претставен долгоочекуваниот „Mitsubishi Regional Jet – MRJ“, кој се одликува со мала потрошувачка на гориво.
„Mitsubishi“ соопшти дека верзијата „MRJ90“ ќе има места за 88 луѓе, „MRJ70“ зa 76, a планираниот „MRJ100X“, 100 места за патници.
Првиот лет на овој авион е планиран за вториот квартал од следната година, а испораките ќе започнат во 2017-та.
Јапонскиот авиопревозник „Japan Airlines“ најави во август дека ќе купи 32 летала со краен рок на испорака до 2021-ва година, сепак конечниот договор не е постигнат.
„MRJ“ е првиот авион произведен во Јапонија од „YS-11“, чие производство престана во 1973-та година.
Производителите на авиони за регионални летови најмногу сметаат на пазарите во Северна Америка и Европа, иако многу компании произведуваат ваков тип на авиони.