28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеркел ја предупреди Франција

Меркел ја предупреди Франција

Angela+Merkel+Bundestag+Votes+ESM+Fiscal+Pact+7UuUmaT4P_gl

Германската канцеларка Ангела Меркел нагласи вчера дека никој не може да биде исклучок од пропишаните цели за буџетскиот дефицит во Европската унија, што е јасна порака за Франција откако оваа земја потклекна пред ветувањето дека ќе ја намали прекумерната буџетската потрошувачка.

„Сите, нагласувам повторно, сите земји членки мораат во целост да ги почитуваат прописите за зајакнување на стабилноста и економскиот раст. Овие прописи мора да бидат применети во сите земји членки“, изјави Меркел во говорот пред германскиот парламент, пренесува агенцијата АП.

Според неа економското закрепнување на Европа сеуште е слабо за земјите да се вратат на вообичаеното работење.

И покрај повиците од светот Германија да влее дополнителни пари во економијата, Меркел е одлучна да остане до претходно најавениот план, односно наредната година да ја пројде без никакви задолжувања.

„Мислам дека во Германија можеме да покажеме дека растот и инвестициите можат да бидат унапредени без напуштање на курсот на буџетската консолидација. Работењето и компаниите се тие кои создаваат нови работни места и иновации, па така, ако сакаме дополнителен раст во Европа, мора да дојде до мобилизирање на економскиот капитал“, порача таа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП