19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИNestle ја превзема американската фабрика Pamlab

Nestle ја превзема американската фабрика Pamlab

nestle123

Филијалата на компанијата „Nestle“ – „Health Science“ ќе ја купи американската фабрика за производство на храна за специјални медицински намени „Pamlab“, соопштија од управата на швајцарската компанија.

Производите на „Pamlab“, каде што се вработени 300 лица, се наменети првенствено за пациенти со дијабетична невротерапија, деменција или депресија, како и за жените со ризична бременост.

„Pamlab“ ќе допринесе за зајакнување на нашата платформа поврзана за производство на храна за болни лица, како и во новите истражувања за изработка и производство на медицинска храна во САД“, соопшти управата на компанијата.

„Nestle“ минатата година купи дел од американската „Akere“, која исто така е производител на медицинска храна.

Оваа филијала на најголемата фабрика во светот на прехранбената индустрија го купи и „Prometheus Laboratories“, како и компанијата „CM&D“ во Велика Британија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП