19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОгромен раст на инфлацијата во Аргентина

Огромен раст на инфлацијата во Аргентина

argentina1

Растот на цените во Аргентина во првите девет месеци оваа година достигна 20 проценти соопшти заводот за статистика „INDEC“.

Во соопштението на „INDEC“ се наведува дека инфлацијата во септември изнесувала 1,4 проценти, а во првите девет месеци од 2014 година 19,8 проценти, пренесува агенцијата АФП.

Според просечните податоци од различни приватни економски институции блиски до аргентинската опозиција, инфлацијата во септември изнесувала 2,48 проценти, а во првите девет месеци од оваа година 27,1 проценти.

Претставниците на индустрискиот и земјоделскиот сектор бараат девалвација на националната валута пезос, но владата се противи на тоа стравувајќи од нов раст на цените како што тоа се случи во јануари.

Веќе неколку години Аргентина се соочува со годишна инфлација над 20 проценти.

Владата на Аргентина успеа минатата година инфлацијата да ја намали под 25 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП