19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБан: Во фондот за борба со ебола има само 100.000 долари

Бан: Во фондот за борба со ебола има само 100.000 долари

Ban

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун изјави синоќа дека фондот кој е покренат за борба против епидемијата на ебола има само 100.000 долари на сметката.

Тој ја повика меѓународната заедница да обезбеди милијарда долари со што ќе се овозможи до 1 декември да се намали стапката на пренесување на заразата.

Бан рече дека во фондот се уплатени 20 милиони долари, но најголем дел од потрошен за борба со еболата.

– Еболата е голем и ургентен глобален проблем што бара голем и ургентен глобален одговор, изјави генералниот секретар на ОН.

Тој наведе дека се потребни и лекари, медицински сестри, опрема и центри за лекување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП