25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОНЕ подготвени за дигитализација на телевизискиот сигнал

ОНЕ подготвени за дигитализација на телевизискиот сигнал

one

Од 1 јуни годинава почнува дигитализацијата на телевизискиот сигнал. Надлежните и телекомуникацискиот оператор ОНЕ уверуваат дека се подготвени и дека дигитализацијата како законска обврска ќе биде спроведена.

Во насока на подготовка на населението за дигитализацијата, телекомуникацискиот оператор ОНЕ, кој треба да ја спроведе дигитализацијата, денеска промовираше нов производ „Мини Боом ТВ, кој ќе им помогне на граѓаните полесно да преминат кој овој нов процес.

– ОНЕ беше избран на тендер за да ја спроведе дигитализацијата на телевизискиот сигнал. На 1 јуни 2013 ќе бидеме подготвени, истакна главниот извршен директор на ОНЕ Цирил Кафол на денешната промоција во Битола.

Тој рече дека дигитализацијата ќе стартува без разлика на бројот на телевизиски станици кои ќе се пренесуваат и додаде дека откако ќе почне процесот може да дојде до некое линерално намалување на цената што треба да ја платат ТВ станиците за пренос.

– Ние изградивме платформа. Инвестицијата за нас е иста без разлика на бројот на ТВ станици што ќе се вклучат. Да почне процесот па ќе видиме, рече Кафол додавајќи дека цената што ја плаќаат во Словенија е за 30 проценти повисока од оваа во Македонија.

Надоместот на националните телевизии кон ОНЕ е 78.500 евра, а регионалните 10.200 евра. Меѓу придобивките за телевизиите ги напоменаа дека нема да имаат веќе трошоци за рена на антенски столбови, годишни трошоци за фреквенции, одрѓување предавателна и линковска опрема, потрошена електрична енергија за предавателната и линковската опрема, како и за резервни делови за предавателна и линковската опрема.

За граѓаните, посочија на денешната прес -конференција придобивката е подобар квалитет на приемот, подобра програмска содржина, повеќе звучни канали, можност за превод на повеќе јазици, електронски програмски водич.

За да можат да го следат дигиталниот сигнал граѓаните треба да имаат приемник со дигитални ТВ канали, кој може да биде вграден во ТВ приемникот или да купат сет-топ-боџ или ресивер.

За овој процес успешно да се спроведе на 31 мај треба да се исклучат сите аналогни ТВ станици. ОНЕ процесот ќе го спроведува постепено во текот на летните месеци. Покриеност во моментот имаат 92,4 проценти од населението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП