25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБарбиките повеќе не се омилени играчки

Барбиките повеќе не се омилени играчки

barbie 34

Доскорешниот водечки светски производител на играчки, американски „Mattel“, соопшти дека забележале пад во продажбата на легендарната кукла „Barbie“.

Тоа придонесува за финансиски негативен резултат, особено во пресрет на божиќните и новогодишните празници.

Продажбата на куклата забележала пад за 21 отсто во третиот квартал заклучно со 30-ти септември, додека во претходниот квартал продажбата опадна за 15 отсто.

Финансиската тензија во „Mattel“ се зголеми поради тоа што нивниот ривал „Hasbro“ ги купи правата за продажба на куклите од филмот на Дизни – „Frozen“, почнувајќи од 2016-та година.

Пазарот на кукли е тежок поради големата конкуренција, додека целната група во глобала се девојчиња. „Mattel“ од неодамна започна со продажба на кукли и за момчиња, а таа продажба забележа раст за четири проценти.

Акциите на „Mattel“, чие седиште е во Калифронија, денеска донесоа профит од 97 центи по акција и приход на компанијата од 2.02 милијарди долари, што е помалку од очекувањата на „Волстрит“.

Aналитичарите очекуваа профит од 1.02 долари по акција и приход од 2.18 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП