28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКатаинен: Грција постигна извонреден напредок за одржлив економски раст

Катаинен: Грција постигна извонреден напредок за одржлив економски раст

kataiden5456444

Потпретседателот на Европската комисија, Јурки Катаинен, денеска изјави дека Грција постигнала извонреден напредок во создавање на база за одржлив модел на економски раст, врз основа на јавните финансии, поконкурентна економија и робустен, но ефикасен надзор во финансискиот сектор.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, Катаинен посочи дека Европската унија ќе продолжи да и помага на земајта во економска криза – се додека бие потребно.

Оваа неверојатна програма на реформи и потребното големо фискално прилагодување бараше многу тешки избори. Комисијата и Еврозоната, како целина, застанаа на страната на Грција во текот на овој процес. Додека постои јасна потреба да се задржи темпото на реформи, постои силен доказ дека земјата сега оствари прогрес, истакна Катаинен.

Заменикот на Жозе Мануел Барозо додаде дека не треба да има сомнеж оти Европа ќе продолжи да и помага на Грција на кој било начин да е потребно, со цел земјата да обезбеди услови за разумно финансирање на држава и да се врати на патот кон целосен и одржлив пристап на пазарот.

За таа цел, според потпретседателот на ЕК, ќе се соработува тесно со грчките власти за да се заврши тековниот преглед, кој ќе бара договарање на сеопфатен пакет на амбициозните реформи.

Ние ќе работиме за да се обезбеди непречена еволуција на европската поддршка за земјата по крајот на тековната програма. Ние ќе ја поддржиме Грција во смирувањето на заемодавците и финансиските пазари за тековната цврста посветеност на реформите и за одржување на буџетските цели, вклучувајќи силен и соодветен фискален тампон, додаде Катаинен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП