3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИзвозот на еврозоната тоне веќе трети месец по ред

Извозот на еврозоната тоне веќе трети месец по ред

evromoneyeu

Извозот на еврозоната во август потона трети месец по ред, укажувајќи на упорните слабости на економијата на земјите од монетарната унија, покажаа официјалните податоци во Брисел.

Европскиот завод за статистика, Евростат, наведува дека извозот во август се намалил за 0,9 проценти во однос на јули, на 140,5 милијарди евра, пренесува агенцијата Франс прес.

Трговскиот суфицит на еврозоната во август е намален на 9,2 од 21,6 милијарди евра од јули, при што најголемата европска економија, Германија, евидентираше најголем суфицит од 124,5 милијарди евра, а зад неа е Холандија со 34,6 милијарди.

Најголем трговски дефицит забележа Британија, 76,2 милијарди евра, потоа Франција, Шпанија и Грција.

Увозот во еврозоната исто така е намален и тоа за 3,1 проценти по три месеци во пораст. На ниво на 28-члената ЕУ, извозот во август се намали за 2,1 проценти, а увозот за 4,0 проценти. Евростат исто така потврди дека инфлацијата во еврозоната во септември забави на 0,3 проценти што е најниското темпо од периодот на должничката криза во 2009 година. Ниската инфлација е еден од најголемите проблеми во еврозоната, заедно со слабата домашната побарувачка, која поттикнува загриженост дека ќе дојде до дефлација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП